Спорт

Клоп би го превземал Ливерпул, но под услов тој да решава за трансфер политиката

Клоп би го превземал Ливерпул, но под услов тој да решава за трансфер политиката
Клоп би го превземал Ливерпул, но под услов тој да решава за трансфер политика

Станува збор за трансфер-политиката, односно при ангажирање на фудбалери, токму Клоп да ги носи одлуките без притоа да се консултира со комитет задолжен за трансферите. Ова значи дека Германецот би имал целосно одврзани раце да донесе кој било фудбалер, се разбира, ако има буџет за тоа.

Во моментов, трансфер-комитетот го сочинуваат четири лица меѓу кои и сопственикот Џон Хенри. Сепак, тие не му прават пречки на менаџерот Брендан Роџерс, па актуелниот менаџер во последните две сезони донесе околу 20 нови играчи во тимот, а резултатите изостанаа.

Според англиските медиуми, нема да биде изненадување ако Клоп го преземе Ливерпул пред крајот на годината бидејќи на тимот не му оди најдобро во првенството. Роџерс е пред отказ, само се чека поволен момент за такво нешто.

Претходно, Јирген Клоп го одби тимот на Олимпик Марсеј, наведувајќи дека сака да продолжи со паузата од фудбалот.