Клоп го најавил своето заминување од Борусија Дортмунд

Јирген Клоп наводно им соопштил на челниците на Борусија Дортмунд дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот.

Човекот кој е најзаслужен за успехот на Борусија во изминатите години и големата улога која ја имаше овој тим во германскиот фудбал, заминува од функцијата тренер.

Германските медиуми пишуваат дека Јирген Клоп на челниците на клубот им соопштил дека раскин на договорот и дека сака по завршувањето на сезоната да замине.

Од Борусија Дортмунд во текот на денешниот ден ќе одржат и прес-конференција на која се очекува да биде потврдена оваа шпекулација, или секако да биде демантирана.

Јирген Клоп од 2008-ма е на клупата на Борусија Дортмунд и со овој тим два пати ја освои Бундеслигата, три пати германскиот Суперкуп, еднаш домашниот Куп, а играше во финале во ЛШ во сезоната 2012/2013.