Клоп: Имобиле е вистински борец, вистински војник

Предводникот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп, јавно ја пофали првото летно засилување, репрезентативецот на Италија, Чиро Имобиле.

„Станува збор за фудбалер со совршена висина од 1.80 см. Совршен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции. Одигра одлично во изминатата сезона, постигна многу важни погодоци, најзаслужен е за пласманот на Торино во Лигата на Европа. Имобиле е свесе дека има место за напредок, дека мора да игра многу подобро, но јас сум тука, јас сум тука за да му помогнам. Чиро е вистински борец, вистнски војник, но мора да биде насочен во вистинската насока. Ја прифати нашата понуда иако на неговата адреса пристигнаа многу примамливи понуди”, изјави Клоп.