Спорт

Клоп користи телескоп за да види каде е Баерн (М)

Клоп користи телескоп за да види каде е Баерн (М)

Контроверзниот тренер на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд на најоригинален начин ја опиша разликата помеѓу неговиот тим и старо-новиот шампион на Германија, Баерн (М).

Клоп откри дека мора да користи телескоп за да види колку е одалечен големиот ривал во националниот шампионат.

„Дури е за неверување како Баерн (М) ја демолираше германската Бундес лига. За да видам каде е Баерн (М), јас морам да користам телескоп. Само така можам да видам колкава е разликата помеѓу мојот тим и новиот шампион на Германија. Остварија фантастичен резултат, мора и јавно да му честитам на новиот шампион. Импресиониран сум нивната игра и од нивниот ефект. Сите мора да признаеме дека Баерн (М) беше најконстантен во текот на актуелната сезона и покажа најголема желба за победа”, изјави Клоп.