Клоп: Не постои замена за Кутињо

Бразилецот Филипе Кутињо во јануари премина од „Ливерпул“ во „Барселона“ за 142 милиони фунти, а менаџерот на „редси“,  Јирген Клоп изјави дека се уште не нашле соодветна замена за фудбалерот зашто тоа не е можно. Тој додаде дека „Ливерпул“ не се ни обидува да најде сличен играч каков што е Кутињо, бидејќи таков не постои.

Заработените пари од трансферот на Бразилецот се потрошени на доведување на дефанзивецот Вирџил ван Дајк од „Саутемптон“, додека во средниот ред се засили со Фабињо и Наби Кеита, како и неодамна со Џердан Шаќири. Голман Алисон пристигна од  „Рома“ за 65 милиони фунти.

Не може да го замените Кутињо со ист тип на играч. Тој е Фил Кутињо. Има специфичен стил на игра, тактички е извонреден. Тој може да игра на крило, како десетка,  навистина е голем играч. Не сакам никого  од своите играчи да го ставам на позиција каде што луѓето би можеле да кажат – тој е замена за Кутињо, изјави Јурген Клоп.

 

И без Кутињо, „Ливерпул“ имаше одлични резултати во вториот дел од сезоната, кога стигна до финалето на Лигата на шампионите каде загубија против „Реал“.

Мислам дека најголемата работа што ја  сторивме во вториот дел од сезоната е тоа што не зборувавме за Фил. Ако  беше со нас во финалето можеше да игра. По повредата на Салах можеше да игра на лево крило, Мане на друга страна и уште еден играч од средниот ред напред. Тоа е друга приказна, тој не беше таму, а ние му посакуваме се најдобро. Него не треба да го менуваме, треба да направиме тим за следната сезона. На пазарот нема никој како него. Но има многу добри играчи, а ние донесовме некои од нив , додаде Клоп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.