Клоп го одби Марсеј – продолжува со паузата од фудбалот

Клоп го одби Олимпик Марсеј - сепак ќе паузира сезонава

Токму таква понуда до него стигна од тимот на Олимпик Марсеј, кој пред само неколку дена се раздели од Марсело Биелса, па во моментов првиот тим е без тренер.

Сепак, Клоп остана на својата одлука, а тоа минимум една година пауза од фудбалот.

Вистина е. Олимпик беше крајно заинтересиран, но едноставно сѐ уште не е дојден тој момент за враќање на Јирген во тренерските води, потврди менаџерот на Клоп, Марк Косицке.

Марсеј инаку бара замена на тренерската позиција по неочекуваната оставка на Марсело Бјелса, кој го загуби трпението бидејќи бараше управата да му обезбеди состав конкурентен за шампионска трка во Франција. Клоп секако делуваше како идеално решение, а сега во прв план избија Зинедин Зидан и Ерик Герец.