Спорт

Клоп откри дека ќе навива за најголемиот ривал

Клоп откри дека ќе навива за најголемиот ривал

Контроверзниот тренер на Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп е убеден дека Баерн Минхен ќе го елиминира Реал Мадрид и ќе обезбеди пласман во финалниот натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Утре се игра реванш полуфиналниот дуел на “Алианс Арена” во Минхен, а првата пресметка помеѓу најбогатите и најтрофејните од Германија и Шпанија заврши со минимален триумф на “кралскиот куб” од 1:0.

“Нормално дека му посакувам успех на Баерн Минхен во вториот полуфинален дуел против Реал Мадрид. Јас сум убеден дека Баерн Минхен ќе ја анулира минималната предност и ќе обезбеди пласман во финалниот натпревар. Тоа е моето мислење, јас типувам на Баерн Минхен, мислам дека се подобар противник”, изјави Клоп.