Клоп прв фаворит за наследник на Арсен Венгер

Од ден на ден, се’ погласни и погласни се шпекулациите дека лондонскиот премиерлигаш Арсенал, на крајот од актуелната сезона ќе ја прекине соработката со трофејниот француски стручњак, Арсен Венгер.

Долгата соработка со Венгер сигурно ќе биде прекината доколку “топчиите” најпосле не стават крај на црната серија од девет години без освоен трофеј.

Популарните „топчии” веќе се елиминирани од Лигата на шампиони, елиминирани се од англискиот Лига Куп, имаат мали шанси за освојување на шампионската титула во националниот шампионат, а најреална опција е освојување на победничкиот пехар во англискиот ФА Куп.

Доколку се реализира најмалку посакуваното сценарио и биде прекината соработката со францускиот стручњак, раководните лица на Арсенал ќе се обидат како наследник на Арсен Венгер да го ангажираат актуелниот тренер на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп.

Контроверзниот германски стручњак ќе доби понуда за 4-годишна соработка, а таквиот договор му гарантира и годишна заработувачка од пет милиони евра.