Клоп: Реал (М) и Манчестер Ј. се лесен плен за Баерн (М)

Контроверзниот тренер на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Јурген Клоп, е убеден дека шпанскиот гигант Реал (М) и актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, не можат да му се спротистават на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М).

„Реал (М) не може да му се спротистави на Баерн (М). Во еден таков натпревар, Реал (М), ќе нема ни теоретска шанса да оствари позитивен резултат. Во овој момент, Баерн (М) има незапирлив тим. Ако тимови какви што се Реал (М) и Манчестер Јунајтед немаат ни најмала шанса за позитивен резултат во евентуалната пресметка со Баерн (М), тогаш какви се нашите нашни да забележиме победа во дуелот со најголемиот ривал во Германија?”, изјави Клоп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.