Клоп: Ројс и Хумелс се недостапни

За разлика од англиските медиуми, кои веќе го преселија на “Олд Трафорд”, актуелниот тренер на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп, изјави дека Матс Хумелс нема да биде продаден на Манчестер Јунајтед и дека ќе бидат одбиени сите понуди кои се наменети за одличниот играч за врска, Марко Ројс.

“Сакам да им порачам на нашите навивачи дека Марко и Матс нема да си заминат од Дортмунд, наспроти сето она што се пишува во изминатиот период. Тие и во новата сезона ќе бидат наши лидери, во обид да стигнеме до што подобри резултати. Ја прочитав и последната шпекулација за Хумелс, кој наводно ќе заминел во Манчестер јунајтед за 20 милиони евра. За таква сума воопшто не ни разговараме, а дури и да се понуди многу повеќе, Хумелс сепак ќе остане член на Борусија”, изјави Клоп.