Бразил2014

Клосе: Германија дојде на ред да слави

Клосе: Германија дојде на ред да слави

Најдобриот голгетер во историјата на светските првенства, репрезентативецот на Германија, Мирослав Клосе е убеден дека дојде редот на Германија да слави во финалниот натпревар.
Јас и целиот тим сме концентрирани само на тоа да го одиграме финалето што е можно најдобро и да победиме. Треба да покажеме за што сме способни. Ако не станеме шампиони, радоста ќе ни биде помрачена. Сепак, јас сум оптимист. Дојде редот ние да триумфираме со титулата”, изјави Клосе кој има постигнато 16 мундијалски погодоци и најверојатно ќе биде дел од почетниот состав на Германија кој ќе се обиде да слави во финалниот натпревар против селекцијата на Аргентина.