Клосе сака да бомбардира уште три сезони

Германскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Лацио, Мирослав Клосе откри дека на неговата адреса пристигнале неколку примамливи понуди за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок.

„Убеден сум дека можам да играм во добра форма уште три сезони. Благодарение на Господ, на мојата адреса пристигнаа неколку примамливи понуди за промена на клупската средина за време на летниот преоден рок. Има и такви шпекулации, кои се неточни, но точна е информацијата дека сакам да бидам дел од фудбалскиот свет уште најмалку три сезони. Кога е во прашање мојата репрезентативна кариера, мислам дека Мундијалот во Бразил ќе биде последниот во мојата кариера”, изјави Клосе кој веќе подолг временски период важи за желба на Барселона, Тотенхем и на Борусија од Дортмунд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.