Клуб Матица се приклучи на мундијалската еуфорија

Со цел да ги спои спортот и литературата, и Клуб Матица се приклучи на мундијалската еуфорија. Натпреварот САД-Белгија беше екслузивно проследен на Булеварот на книгите, а продажниот салон на Клуб Матица беше отворен до полноќ за сите оние кои сакаат да купат наслов по намалена цена.

Дејан Манасков, Борко Ристовски, Страхиња Милиќ и многу други спортисти беа дел од настанот, го проследија натпреварот и ги споделија своите омилени наслови со посетителите.

Дополнително, присутните можеа да добијат цртеж на својата кожа во боите на една од репрезентациите. Ова посебно ги израдува најмладите, но и повозрасните кои беа дел од овој спортско-литературен настан пред Клуб Матица.