Клубот на пратенички дискутираа за економско јакнење на жените

„Економско јакнење на жените“ е темата на која разговараа жените од  Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, на која покрај нив  присуствуваа потпретседателката на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска, пратеници на Собранието на Република Македонија, претставници на Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, потоа на локалните комисии за еднакви можности, Македонското женско лоби, Занаетчиската комора на Република Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија, Федерацијата на фармери на Република Македонија и претставници на други здруженија кои работат на ова поле.

Јавната расправа ја отвори координаторката на Клубот на пратенички, г-ѓа Лилјана Кузмановска, по што следеа излагања на претставниците на институциите и организациите.

На јавната расправа беше заклучено дека е потребно да се зголеми бројот на жени-претприемачи преку промовирање на позитивни пракси – жени лидери во овој сектор, но исто така потребно е преземање на конкретни мерки и активности за економско јакнење на жените во руралните средини, во согласност со усвоената Стратегија, но пред се’ мора да се работи на  промовирање на претприемништвото. Пратеничките заклучиња дека е потребно и унапредување на соработката помеѓу одговорните субјекти на планот на економското јакнење на жените и активно учество на Клубот на пратенички, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа.

Клубот на пратенички препорачува да се преземат активности за постигнување баланс на професионалниот и приватниот живот, а  предлага да се преземат активности за понатамошно разгледување за воведување на флексибилно работно време, ги поддржува заложбите за повеќе градинки во руралните средини и  иницира создавање база на податоци за вклученоста на жените во економските текови.

Клубот на пратенички дискутираат за  економско јакнење на жените