среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 9

Kлучниот проект на Заев е секое македонско дете да учи албански јазик

Тоа е клучниот проект на СДСМ и Заев и ако веќе веруваат во него покоректно кон граѓаните на државата е да ја напишат отворено вистината а не да се кријат зад веќе видените фрази и флоскули, сметаат некспертите.

ozak

Последни вести

Откако кандидатот за пратеник на СДСМ, Ѓулумсер Касапи потврди дека Заев во програмата предвидува редефинирање на државата, со свој став на социјалните мрежи се јави опозицискиот колумнист Ивор Мицковски, кој оцени дека Касапи „продава евтин етнопопулизам на платформа“

Ѓулумсер Касапи која се наоѓа на кандидатската пратеничка листа на СДСМ на второто место во шестата изборна единица, веднаш зад носителот Петре Шилегов, за време на гостувањето на Алсат потврди дека лидерот на партијата Зоран Заев во својата програма предвидува рефединирање на државата.

Касапи во своето излагање оди чекор понатаму и додава дека во Платформата на СДСМ имало и специјална програма за да се тргне прашањето за јазикот од дневен ред.

-Платформата која и јас ја поддржувам, како и принципите кои се поставени силно во предизборната платформа ме убедуваат дека СДСМ, предводен од господинот Зоран Заев ќе ја реализира и ќе ја отстани од дневен ред употребата на албанскиот јазик во Македонија. За тоа сигурно ќе се подготвува и специјална програма која секако ќе биде усвоена во највисоките државни инстанции, вели Касапи.

 

Кандидатот за пратеник убедува и дека предизборната програма на СДСМ озовможува да се решаваат многу значајни прашања за Албанците вклучително и прашањето на јазикот.

-Сум ја прочитала и сум ја студирала многу добро програмата на СДСМ и дефинитивно верувам дека многу проблеми ќе се решаваат и меѓу и проблемот со албанскиот јазик, истакнува Касапи.

 

Сепак, не ја крие разочараноста бидејќи другите албански партии, како што вели, не успеале да ги решат прашањата кои се од витално значење за Албанците, давајќи им надеж на гласачите Албанци дека тоа ќе го стори СДСМ.

-Имам впечаток дека албанските партии карајќи се една со другата не успеваат да ги решаваат виталните и главните прашања, рече Касапи.

 

На прашањето како би гласала доколку СДСМ има негативен став по однос на некое прашање кое е во интерес на Албанците, таа одговара дека ќе гласа како Албанка. Односно со други зборови успраќа порака дека Македонците кои ќе гласаат за листата на СДСМ во ИЕ 6 не го даваат својот глас за партијата СДСМ туку за некој кој ќе гласа понатаму во Парламентот водејќи се од интерсите на етничките Албанци. Попрецизно, глас за неа е глас за СДСМ и глас за СДСМ е глас за неа.

 

На ваквите ставови на Касапи реагираше опозицискиот колумнист Ивор Мицковски, според кого Касапи продавала “евтин етнопопулизам на платформа, концепт и листа кој се залага дека е демек граѓански“.

-Абе Касапи, што ти треба да кажуваш дека ќе гласаш во Собрание ко Албанка. Знаеме дека си Албанка, мора ли да потенцираш. Више коса ни се дига од Македонци и Албанци, кој поголем од другиот. Поентата е да си нешто повеќе од таа етничка идентификација. Продаваш евтин етнопопулизам на платформа, концепт и листа кој се залага дека е демек граѓански. До кога со овие пролупани логики и мачкања очи. Кажи си ќе гласам за интересите на сите граѓани, ќе се грижам дури и повеќе за Македонците, зошто така ќе дадам пример и тие да се грижат за Албанците. Тикви тиквосани сте, не знаете да се држите до причата што ве донела на листа, напиша Мицковски.

СДСМ она што го најавува цело време го озакони во својата порграма. Веќе нема ниту една дилема дека планот на опозицијата е не само двојазичноста во цела Македонија од градинка, туку и редефинирање со федерализацијата како крајна цел. Затоа тие предлагаат низа мерки кои се вовед во федерализирање на државата. Зад т.н. толеранција и соживот од мали нозе на СДСМ и Заев се крие официјализирањето на албанскиот јазик како службен јазик на цела територија на РМ. По теркот како што вети и самиот Заев дека секое македонско дете во РМ ќе учи албански јазик. Тоа е клучниот проект на СДСМ и Заев и ако веќе веруваат во него покоректно кон граѓаните на државата е да ја напишат отворено вистината а не да се кријат зад веќе видените фрази и флоскули, сметаат некспертите.

Што значи воведувањето на елементи на мултикултурно образование? 

-Првото место каде што треба да се градат вредностите на едно заедничко општество се детските градинки. Затоа, ќе воведеме елементи на мултикултурно запознавање за сите деца уште во најраната возраст, преку проекти и активности што развиваат чувство на слобода, толеранција и соживот, стои во 188-мата страна на програмата на СДСМ под точката воведување на елементи на мултикултурно обрзование.

Каракамишева Јовановска смета дека во Планот на СДСМ има мошне чудни тези и во делот на образованието.

-Велат ќе вовеле елементи на мултикултурно образование. Тие и сега постојат. Учењето на елементите на мултикултурното општество е дел од сите сегменти на образовниот процес. Чувството на слобода и толеранција како и соживот кое ќе го граделе СДСМ уште во детските градинки преку различни проекти се веќе видена работа која многу т.н. невладини организации платени од надвор, финансирани главно од Сорос ја форсираа оваа потреба во земјата. Да не се лажеме, зад т.н. толеранција и соживот од мали нозе на СДСМ и Заев се крие официјализирањето на албанскиот јазик како службен јазик на цела територија на РМ. По теркот како што вети и самиот Заев дека секое македонско дете во РМ ќе учи албански јазик. Тоа е клучниот проект на СДСМ и Заев и ако веќе веруваат во него покоректно кон граѓаните на државата е да ја напишат отворено вистината а не да се кријат зад веќе видените фрази и флоскули, вели Каракамишева- Јовановска.

Најчитани вести