АНАЛИЗА: Клучот за безбедноста на Европа

Генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Ламберто Занер, за рускиот весник „Известија“ зборува за непредвидливоста во однос на мирот и начините за надминување на оваа неизвесност.

Денеска во сферата на безбедноста на Европа ние преживуваме тежок, но во исто време и одлучувачки момент. Враќањето кон геополитиката води до повици за следење на моделите на соработка, кои беа воспоставени во периодот по Студената војна, а меѓудржавните односи се’ почесто се одредуваат по принципот „кој-кому“. Растечката поларизација, намалувањето на довербата и самодовербата, а исто така и драстичното намалување на воената предвидливост ги зголемуваат тензиите.

Тие негативни тенденции уште повеќе ги влошуваат поради несогласувања со закани. Проширувањето на НАТО и на Европската унија беше примено од страна на Москва како дестабилизирачка, па дури и како заканувачка појава. Соодветно, нејзина реакција беше зголемување на инвестициите во одбраната и воената иднустрија и на честото одржување на воени вежби. Тие чекори беа оценети од Западот како агресивни и тој одговори со ширење на своето воено присуство и дејствија на НАТО во некои региони, кои се во непосредна близина на Русија. Така порасна бројот на опасни инциденти и се зголемува ризикот од судири меѓу воените летала и поморските пловни средства.

Во една таква атмосфера на непредвидливост и несигурност се изложуваме на висок ризик од влегување во еден магичен круг на ескалација, која во крајна сметка може да доведе до конфликт.

Ние можеме да ја набљудуваме таа динамика во кризата во Украина и околу неа. Целосно различните интерпретации на кризата и причините за неа ја охрабруваат недовербата и тензиите, и гледаме зголемување на притисокот, а тоа води до преземање на соодветни мерки од воен карактер. Кризата ја размрда основата на системот за безбедност, поставен по крајот на Студената војна и ја стави под сомнеж стабилноста на системот, заснован на правила, кои ги регулираа взаемните односи на нашите земји.

Што можеме да направиме, за да се одржи атмосферата на стабилност и безбедност во Европа?

За време на Студената војна клучната концепција за одржување на стратешка стабилност беше паритетот меѓу воените блокови. Тој се одржуваше поради запазувањето на балансот во соодносот на вообичаените воените резерви, на различните категории воена техника и на определувањето на нивната бројност и нивната територијална распореденост. За гарантирање на транспарентност и предвидливост, за засилување на довербата и надминување на грешните претстави беше разработен сложен систем на правила, кои ја регулираат воената дејност.

Таков пристап, од гледна точка на количеството вооружување, до голем степен се базираше на принципите на симетричност. Имено таа симетричност беше услов за рамнотежа. Но, денеска такви мерки не би биле ефективни. Во нашиот многуполарен свет, симетричноста веќе не е показател: старите блокове изчезнаа или значително се транформираа, карактерот на конфликтите се промени, брзо се развиват воените технологии, а доминантниот манталитет на основата на принципот „кој-кому“ му пречи на и така неопходното реформирање на инструментите, кои ги регулираат нашите односи во областа на безбедноста. Како никогаш досега, ние треба да соработуваме едни со други, за да воспоставиме стратешка стабилност. Треба да постапиме така што постоечката асиметричност за односите за бројноста, воената дејност, распоредување на силите, да станат сами по себе дестабилизирачки.

Асиметрична стабилност

Денеска ние треба да почнеме да мислиме во правец на „асиметрична стабилност“. Затоа при разработување на политиката на безбедност треба да формираме приод и алатки, кои би ни дозволиле да процениме различни претстави и погледи за воената асиметрија.

Како би изгледале тие инструменти? Тие треба да бидат такви што со нивна помош да можеме да се фокусираме на практични начини за намалување на ризиците, истовремено водејќи сметка за стравувањата на сите засегнати страни. Освен тоа, тие инструменти треба да бидат разработени и колективно. Тие треба да се засноваат на принципите на предвидливост и транспарентност, а исто така да се внимава и на особеностите при перцепцијата на заканите и другите квалитетни и политички размислувања, заедно со квантитативни параметри.

На пример, може да се воведат ограничувања на воените вежби на Русија, во близина на границите на некоја од Балтичките држави, и воведување на дополнителни инструменти кои ќе ја гарантираат транспарентноста од „ненадејни воени вежби“, и на други места. Во замена на тоа НАТО ќе обезбедува информации и ќе гарантира транспарентност во однос на своите сили и дејности во истиот регион. Може да се спроведе систем на заедничко набљудување на соодветни типови на воени дејствија, дури и да не станува збор за големи размери. Аналогни мерки можат да бидат преземени во Калининградската област. Систем за размена на информации за воени придвижувања во одредени региони, како Балтичкото и Црното море, може да помогне во намалување на тензиите и ризикот од инциденти. Може да се спроведе и механизмот за соработка, кој ќе придвижи незабавни консултации и заеднички мерки за деескалација во случај на воен инцидент или ризик од судири.

Во поширок смисол ние треба да ги прифатиме плановите и ставовите на другиот и да бараме патишта за нивна интеграција во нашата стратегија. Тоа треба да доведе до обновување на системот за безбедност, кој ќе гарантира баланс, заснован на асиметричната стабилност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.