Книжевна средба со Оливера Николова во „Матица ексклузив“

По рамките на пладневните книжевни средби организирани по повод одбележувањето на 25 годишнината од основањето на „Матица македонска“,во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во четврток во 13 часот ќе се одржи книжевна средба со Оливера Николова, добитник на наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра прозна книга во 2015 година.

Љубителите на македонската книга низ разговор со познатата писателка ќе имаат можност изворно да се запознаат со нејзините авторски побуди да напише литературно дело за најпознатите светски жени-убијки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.