Книжевен портрет на Раде Силјан во ДПМ

Книжевен портрет на Раде Силјан ќе се одржи утре во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија.

За  творечкиот  опус  на  Раде  Силјан ќе  зборуваат  Веле  Смилевски, Ефтим  Клетников  и Данило Коцевски, а стихови ќе интерпретираат Страшо Милошевски и Антонио Павловски.

Книжевната средба се организира по повод 65-годишнината од раѓањето на поетот  и 40 години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Третиот лик на времето“.

Раде Силјан зад себе има богат творечки опус: автор е на  15  стихозбирки, 11 книги со критики и есеи и 12 антологии од македонската и балканската поезија и проза. Избрани дела од неговиот опус се објавени во шест тома. Добитник е на национални и на меѓународни награди , меѓу  кои и на  награда „11  Октомври“  за  животно  дело.  Застапуван  е во  панорамски  и антологиски  избори од  современата македонска  поезија,  а посебни  книги  од  неговототворештво се објавени на англиски, албански, бугарски, романски, украински, руски, молдавски, италијански, унгарски, турски, полски, српски и грчки јазик.