Магазин

Книжевна вечер со Венко Андоновски, Ферид Мухиќ и Сашо Мацановски-Трендо

Книжевна вечер со Венко Андоновски, Ферид Мухиќ и Сашо Мацановски-Трендо

Во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, денеска во 19 часот ќе се одржи книжевна вечер со големите македонски мајстори на перото: Венко Андоновски, Ферид Мухиќ и Сашо Мацановски-Трендо.

На средбата, издавачката куќа Табернакул ќе промовира дела од книжевната ризница на овие автори, кои пак ќе зборуваат и за своите творечки пориви.

Со овој настан кочанската публика, ќе има ретка можност едновремено да се сретне со три големи македонски книжевни имиња од Табернакул, првата приватна издавачка куќа во Македонија која постои 25 години.

Организатор на настанот е општина Кочани.

knizevna vecer2