Книжевно попладне по повод 80 години од раѓањето на Миле Неделковски

Во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи книжевно пладне по повод 80 години од раѓањето на истакнатиот македонски писател Миле Неделкоски.

За делото на Неделкоски ќе зборуваат Санде Стојчевски и Братислав Ташковски, а делови од творештвото ќе интрепретира актерот Томе Витанов. Чествувањето ќе се одржи на 28 мај (четврток) 2015 година, во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 12.00 часот.

Миле Неделкоски e еден од најплодните македонски писатели. Пишува поезија, раскази, романи, драми, сценарија и есеи. Застапуван е во поетски и прозни антологии, а панорами од неговата поезија се публикувани на повеќе европски и светски јазици. Одделни книги се објавени на унгарски, романски, италијански, шпански и бугарски јазик. Според неговиот роман „Подгревање на вчерашниот ручек“, по негово сценарио, снимен е долгометражен игран филм. Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“ и на меѓународната награда „Димитар Талев“.

Миле Неделкоски е автор на дванаесет книги поезија, седумнаесет прозни дела, две книги есеии и две драми кои се поставени на сцената на Драмскиот театар во Скопје.