четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Коалиција за промени отворенa за соработка

Коалицијата како врвни приоритети во својата платформа ги афирмира политичката и кривично-правната одговорност за сите што, нагласува, со злоупотреба на довербата на граѓаните ја вовлекуваат Македонија во криза и воспоставувањето на уставни механизми и гаранции дека никогаш повеќе нема да се дозволи црно-бела политичка слика во земјата.

133222095

Последни вести

Коалицијата за промени и правда денеска соопшти дека останува отворена за соработка, но, како што наведува, на принципиелни основи.

Коалицијата како врвни приоритети во својата платформа ги афирмира политичката и кривично-правната одговорност за сите што, нагласува, со злоупотреба на довербата на граѓаните ја вовлекуваат Македонија во криза и воспоставувањето на уставни механизми и гаранции дека никогаш повеќе нема да се дозволи црно-бела политичка слика во земјата.

– Откако се убедивме дека наместо овие принципи на површина излегуваат лукартивните лични интереси, суети и сценарија за расцепкување на центро-десничаркиот трет блок и формирање нов четврт блок, сметаме дека е подобро нашата сила и енергија во пресрет на претстојните избори да ја потрошиме на промоција на нашите ставови и принципи отколку на јалови и неискрени преговори кои имаат други интереси и цели, стои во соопштението на Коалицијата.

Најчитани вести