Коалицијата ги отфрла тврдењата на Сирија за напад врз џихадистички склад со хемиско оружје

 

 

Отако Генералштабот на сириската армија во четвртокот соопшти дека во воздушен напад од доцна попладнето во средата на меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД врз складиште со хемиски агенси на џихадистичката организација Исламска држава, биле убиени стотина бунтовници и цивили, коалицијата отфрли дека во посочената област спроведувала операции, а Русија ги истражува овие наводи

 

Како што претходно беше пренесено од сириската новинска агенција SANA , во соопштението на сириската команда се наведува дека инцидентот во кој по болбардирањето на магацини „прво се издугнувал бел чад кој набрзо станал жолт“ во областа Џалта во северната покраина Деир-ез-Зор, на 420 километри од сириската престолнина Дамаск, докажал дека ултрарадикалните сунитски групации како Исламската држава и џебхат ан-Нусра, поседуваат хемиско оружје до кое доаѓаат „со помош на некои познати земји од регионот“.

 

Полковникот на американските воздухопловни сили кој е портпарол на антитерористичката коалиција, Џон Дориан, изјави дека во споменатата област во посочениот период од денот не биле изведувани воздушни удари.

 

„Тврдењето на Сирија не е рочно, тоа е веројатно намерна дезинформација“, истакнал Дориан за Reuters.

 

Руското министерство за одбрана соопшти дека нема инфромации за жртви во сириската покраина Дер-ез-Зор, изјави во четвртокот портпаролот мајорот Игор Конашенков. Додаде дека руските сили во Сирија испратиле во тоа подрчје бесполотни летала за да ја испитаат ситуацијата, пренесува агенцијата РИА.

 

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, пак, објави дека во нападот во Деир-ез-Зор во четвртокот загинале седум цивили, а повредени 70 луѓе. Во северна Сирија воздушните удари против Исламската држава ги спроведува коалицијата предводена од САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.