Коалицијата изврши 4 воздушни напади врз ИД

Британија започна со напади врз ИД во Сирија

Меѓународната коалиција, предводена од САД, денеска извршила четири воздушни напади врз нафтени објекти во источната сириска провинција Деир ал Зур, која се наоѓа на границата со Ирак.

За нападите соопштија Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, и организацијата Локални координативни комитети.

Од почетокот на операцијата меѓународната коалиција врши интензивни напади врз нафтени објекти кои се под контрола на групата Исламска држава (ИД) и се главен извор за финансирање на џихадистите. Но ваквите напади претставуваат закана и за цивилното население, што може на долгорочен план да ги поткопа напорите на коалицијата за уништување на екстремистичката група.

Претходно Сирискиот центар соопшти дека од почетокот на воздушните напади во Сирија пред еден месец, убиени се 553 лица, од кои 32 цивила, а повеќето од останатите жртви се џихадисти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.