Коалицијата на Макрон освои апсолутно мнозинство

Коалицијата предводена од новиот француски претседател Емануел Макрон освоила на парламентарните избори во неделата, според првичните проекции на агенцијата IPSOS-Sopra Steria, најмалку 355 мандати во парламентот со 577 места, остварувајќи со тоа апсолутно мнозинство но со најверојатно рекордно низок одѕив на избирачите.

Електронското издание на дневниот весник Le Monde, повикувајќи се на излезната анкета на агенцијата IPSOS, пренесува дека коалицијата на Републиката во движење (напред) (La Republique en marche-REM) и Демократското движење (MoDem) освоила 355 места во Националното собрание, долниот дом на францускиот парламент. Конзервативната партија Републиканци освоила 125 мандат, додека коалицијата на досега владејачката Социјалистичка партија од над 280 мандати освоени во 2012 година паднала на само 49 пратеници.

Крајната левица Непокорна Франција на претседателскиот кандидат Жан-Лук Меланшон освоила 19 места, Комунистичката партија 11, а крајната десница Национален фронт која досега имаше два пратеника освоила 8 места, а најверојатно првпат во парламентот влегла и неговата челничка Марин Лепен. Таа во избирачкиот округ 6211 победила супериорно со 67 отсто од гласовите во мнозинскиот систем, објави на Twitter партијата,

Според прелиминарните податоци кои ги објави телевизијата BFM TV, коалицијата на REM добила меѓу 395 и 425 пратеници.

Апстиненција на изборите била поголема од 56 отсто и е рекордна кај IPSOS во споредба со другите анкети кои на REM му даваат меѓу 355 и 425 места, на Републиканците меѓу 97 и 130 мандати, на Социјалистичката партија меѓу 27 и 49 пратеници, на крајната десница меѓу 4 и 8 пратеници, а на крајната левица меѓу 10 и 30 мандати.