Коалицијата на НВО во Струмица бара оставка од Заев

Коалицијата на НВО во Струмица бара оставка од Заев

Зоран Заев се бори за свои интереси, а не за интересите на струмичани, што е негова должност како градоначалник на градот. Бараме Зоран Заев да се повлече, да даде оставка и да се одржат предвремени локални избори оваа есен.

Со ова барање денеска излезе Коалицијата на невладини организации во Струмица, откако во изминативе денови граѓаните на Струмица секојдневно се произнесуваат со истиот став.

– Зоран Заев вчера самиот призна дека не е во Струмица и дека можат да го најдат во Скопје. Тој не е градоначалник на Струмица туку си тера своја агенда и се бори за свои интереси. Струмица е единствената општина каде при избран градоначалник-немаме градоначалник. Општината зад нас е празна зграда, без градоначалник, тој зема плата без да работи. Нема случај во светот каде градоначалникот зема плата за неработење. Дополнителни,Заев е човек без кредибилитет, човек кој е фатен жив како бара поткуп од 200.000 евра и човек кој се што вели и се што вети, излажа. Струмица трпи, струмичани се без градоначалник, човек со афери и криминални зделки, велат од Коалицијата на НВО од Струмица.

Тие потенцираат дека само така Зоран Заев треба и мора да се соочи со граѓаните на Струмица. Во текот на вчерашниот ден и струмичани порачаа дека Заев да си замине од позицијата градоначалник , да се соочи со народот и да распише нови локални избори.

Коалицијата на НВО во Струмица бара оставка од Заев бидејќи смета дека суштински тој не е градоначалник на струмичани, туку само е лидер на неговата партија кој не обрнува ниту тронка внимание за градот Струмица и сака да ја втурне државата во пропаст.

-Заев наместо да бега и да држи пресови во Скопје и во други градови, нека дојде тука во Струмица, каде што ние граѓаните го плаќаме и нека објасни зошто ниту едно ветување не е исполнето, зошто ветувањата за нови канализации, нови водоводни системи, нови плоштади и осветлување-ништо од ова не е исполнето. Зошто Струмица е напуштена и е единствена општина без градоначалник. Зоран Заев е човек без образ и без кредибилитет и има изгубено контакт со реалноста. Со барањето на мито од 200.000 евра тој остана без образ и кредибилитет, вели Димитар Ангелов, еден од групата струмичани кои бараат оставка од градоначалникот.

Струмичани додаваат дека со криминалните тендери Заев докажал дека е нечесен, со својата не работа и лажните ветувања покажал дека не заслужува да биде градоначалник.

– Доста е! Ние граѓаните протестираме три месеци, секој ден а тој не се ни огласи во јавноста. Во желбата за политички интерес и профит, тој престана да биде градоначалник. Време е да си замине, што побрзо тоа подобро. Време е да се соочи со народот на изборите, рече Ангелов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.