Коалицијата на СДСМ се распаѓа

По оставката на Куновска, Николовски и Сугаревски, кој пак му порача на Заев дека ги изневерил, незадоволни од пратеничките листи коалициониот партнер СДСМ, од Партијата за целосна еманципација на Ромите најавија напуштање на опозициската коалиција.

Од ПЦЕР ги повикаа своите членови и симпатизери да ги бојкотират претстојните парламентарни избори на 11-ти декември и да не го даваат својот глас за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Партијата за целосна еманципација на Ромите – ПЦЕР апелира и ги повикува своите членови, симпатизери и сите Европско- демократско ориентираните граѓани во Р. Македонија да ги бојкотират предстојните избори на 11 Декември. ПЦЕР во коалиција со СДСМ во изминатиот период а во рамките на своите можности максимално се залагаше против секој вид дискриминација и непочитувањето на универзалните и основните човекови права во Р. Македонија. За жал нашите залагања и вложениот труд, а очигледно од објавувањето на кандидатските листи за пратеници на СДСМ и коалицијата, не наидоа на разбирање и вреднување од страна на нашиот коалиционен партнер. Одлуката и обидот на СДСМ, ПЦЕР да се деградира и внесе несигурност во членството на партијата, не сакаме и не смееме да го толерирме а ниту сакаме да помислиме дака е еден вид чин на нова дискриминаторска политика ко Ромите кои бројат околу 10% во државата, стои во соопштението потпишано од потпретседателот на ПЦЕР, Агуш Демировски.

сдсмПретседателот на партијата Самка Ибраимовски порачува дека нема да остане во коалиција на чиј пратенички листи, нема ниту едно име од оваа партија. За партијата, како што вели тој е неприфатливо да немаат ниту еден претставник во Парламентот. Ибраимовски потенцира дека ќе коалицираат само со оние кои ќе ги исполнат нивните барања.

Нема да дозволиме некој да си игра со Ромите и со најстарата ромска политичка партија во Македонија. Тоа што СДСМ го нуди за нас е неприфатливо и сметаме дека сме изиграни како партија. Доколку од СДСМ не ги исполнат нашите барања завршуваме со партијата која се декалрира како граѓанска опција, а Ромите ги става на последно место, посочува Ибраимовски.

Тој не сакаше да прецизира кон која коалиција би се приклучила неговата партија, по евентуално напуштање на СДСМ, но не ја исклучува можноста да се приклучат и кон владејачката партија.

Имаме неколку понуди за коалицирање, ние се залагаме ромската заедница да оди напред, кој ќе ги исполни нашите услови ќе коалицираме со нив. Не сакаме по секоја цена да бидеме со партија, со која нема да имаме претставник во Законодавниот дом, додава Ибраимовски.

Од друга страна Зоран Заев излезе со најава дека треба да се зголемат правата на Албанците во Македонија, вклучително и употреба на јазикот на целата територија. Според Заев, Албанците во Македонија сеуште немале доволно права и заложбата на СДСМ била за поголема еднаквост.

Луѓето се борат за еднаквост, рамноправност, унитарност во ова наше општество. Наша заложба е еднаквоста, рамноправноста, споделувањето ан сити вредности во општеството, рече Заев во емисијата „24 Анализа“.

Ставовите на Заев за двојазичноста, со кои тргна во лов на албанските гласови наидоа на остри реакции кај граѓаните и експертската јавност. Експертите во повеќе наврати коментираа дека Заев е свесен дека нема поддршка кај македонското гласачко тело, па во обид да спаси што може да се спаси им се додворува на Албанците.

Освен претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, во изминативе денови и поранешни пратеници на СДСМ, негодуваа околу кандидатските листи.

SDSM

Бившата пратеничка од оваа партија Каролина Ристова- Астеруд, во статус на Фејсбук, наведува дека нема да го даде својот глас за пратеничката листа, на која според неа се нашле имиња „ставени со кран“, без никакво политичко искуство и политичка зрелост.

Таа додава дека никој никому не му брани да ја искористи уставната можност за независни кандидатури и листи, но дека листите на Социјал-демократскиот сојуз не претставуваат никаква „отвореност на партијата„ за нови и свежи сили. Астеруд најмногу негодува поради тоа што Ферид Мухиќ се нашол на пратеничката листи на партијата, а истото мислење со неа го дели и универзитетската професорка Мирјана Најчевска, која вели дека не припаѓа на никаква коалиција на граѓани која застанала зад Мухиќ.

sdsm

Незадоволство од кандидатските листи за пратеници на СДСМ, преку социјалната мрежа Фејсбук, изрази и членот на Извршниот одбор на притијата – Аднан Џафероски, кој смета дека политиката е занает, а не како што посочува, алатка за згрижување на послушници и исполнување на лични цели и желби.

сдсм

Пратеничката Софија Куновска, пак незадоволството од пратеничките листи, на кои не се најде нејзиното име, го изрази преку поднесување оставка од претседателското место во градската организација на СДСМ.