Коби Брајан: Не планирам да се пензионирам

Ѕвездата на НБА тимот Лос Анџелес Лејкер, Коби Брајан за првпат по 15 години не играше натпревар за Божиќ. Тој се здоби со повреда, втор пат сезонаваи мора да апстинира шест седмици од паркетот, но тоа не му посмета да ги демантира шпекулациите дека планира да се пензионира.

„Мислев дека не станува збор за тешка повреда и кога докторот ми рече дека ќе мора да паузирам шест недели , мислев дека се шегува. Но, морам да кажам дека немам намера да се повлечам од кошарката. Сега се фокусирам на што побрзо оздравување и се надевам дека многу брзо ќе бидам во можност да му помогнасм на тимот да направи подобри резултати,“ изјави 35 – годишниот Брајан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.