Коби Брајант со остварување кое предизвикува почит и восхитување

Коби Брајант постави рекорд за почит - 20 години минати во ист НБА тим

“Црната мамба” во текот на својата кариера собори бројни рекорди и си обезбеди место меѓу вечните, но ова достигнување за него е посебно.

Ова ми е најзначајното достигнување во кариерата. Отсекогаш сум сонувал да бидам дел од оваа организација. Повеќе од половина од мојот живот го носам овој дрес, тоа е навистина лудо, изјави Коби за медиумите во САД.


Коби
така го мина Џон Стоктон кој играше за Јута од 1984 година до повлекувањето во 2003.

Само уште четворица други кошаркари низ историјата биле 20 сезони дел од НБА, но во различни клубови, Карим Абдул-Џабар, Кевин Гарнет, Роберт Периш и Кевин Вилис.