Коби ги посети „каталонците“ на тренинг во ЛА

Актуелниот европски шампион се наоѓа на подготовки во САД, поточно во Лос Анџелес, каде денеска ќе игра пријателски натпревар против тимот на Галакси.

Кошаркарот на ЛА Лејкерс вчера беше на еден од тренинзите на Барселона и успеа да направи муабет и со неколку фудбалери како Андрес Иниеста, Жерар Пике и со тренерот Луис Енрике. Тој призна дека навива за „каталонците“ во последните десетина години.

Дел од стручниот штаб на Барселона потоа одржа тренинг со фудбалскиот тим на неговата ќерка, чиј сопственик е токму Брајант.