Спорт

Коби му се приближи на Џордан, Џејмс конечно одигра како што се очекува од него

Коби му се приближи на Џордан, Џејмс конечно одигра како што се очекува од него

Со своите 32 поени против Сакраменто, Коби стигна на само 30 поени од третото место на вечната листа на стрелци, кое во моментов му припаѓа на најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан.

Коби покрај 32-та поени, имаше и 6 асистенции, 3 скока и 2 украдени топки, доволно за да го предводи својот тим до победа од 98:95. Кај “кингси” најефикасен беше Дарен Колисон со 26 поени, а одлична партија пружи и Руди Геј со 21 поен.

По лошиот старт на новата сезона, прашање на време беше кога дрим-тимот на Кливленд ќе започне да игра според очекувањата.

“Кавси” веќе врзаа осум едноподруго победи, а со оглед на нивната форма која од натпревар во натпревар оди во нагорна линија, се чини серијата ќе потрае уште некое време.

Тие синоќа со 105:101 го совладаа Торонто, еден од најдобрите тимови на Истокот, а до победата ги предводеше Леброн Џејмс со 35 поени, 4 асистенции и 2 украдени топки.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Торонто 105-101
ЛА Лејкерс – Сакраменто 98-95
Јута – Сан Антонио 100-96
Феникс – Мајами 97-103
Детроит – Портланд 86-98
Мемфис – Далас 114-105
Оклахома – Милвоки 114-101
Њу Орлеанс – Њујорк 104-93