Коби не сака да игра на Ол – Стар натпреварот

Сите со нетрпение го очекуваат Ол Стар натпреварот во НБА лига(14 – 16 февруари) , а веќе се познати и членовите на стартните петорки за спектаклот кој ќе се игра во  Њу Орлеанс.

Актуелниот МВП на лигата, Леброн Џејмс, собра најмногу гласови од сите кошаркари (вкупно 1.416.419) и ќе ја предводи Источната конференција, во која во стартната петорка се најде место и за Пол Џорџ  (Индијана), Кармело Ентони (Њујорк), Кајри Ирвинг (Кливленд) и Двејн Вејд (Мајами).

На спротивната страна, улогата на стартери во „западот“ според гласањето на НБА-фановите ќе им припадне на Кевин Дурент (Оклахома), Коби Брајант (ЛА лејкерс), Кевин Лав (Минесота), Стивен Кари (Голден стејт) и Блејк Грифин (Лос Анџелес клиперс).

„Со сета должна почит кон сите оние што гласаа за мене, но факт е дека јас сезонава не одиграв скоро ништо. Ол -стар мечот треба да е собир на најдобрите во досегашниот тек од сезоната, затоа некој од помладите што досега одигра одлично треба да го заземе моето место“ , изјави Брајант.

Според НБА-правилата, казната за ненастапување на мечот од олстар викендот изнесува суспензија од два меча, па Коби најверојатно ќе биде принуден да биде дел од овој спектакл, макар и имал минимална минутажа во Њу Орлеанс.