Коби повторно под нож – дали се ближи крајот на неговата кариера ?!

Најдобриот играч на ЛА Лејкерс, Коби Брајант ќе мора да замине на операција на рамото, по што ќе следува нова долга пауза од кошаркарските терени.

Брајант се повреди на дуелот против Њу Орлеанс, а рехабилитацијата ќе трае од шест до осум месеци.

Ова ќе биде втора долга пауза за “црната мамба” во последните две години, откако претходно поради повреда на Ахиловата тетива паузираше осум месеци.

Дали оваа повреда ќе го натера Коби предвреме да ја заврши својата кариера, останува да се види по хируршкиот зафат кој е закажан за утре.