Кочанчанец физички нападнат и ограбен во Виница

Кочанчанец физички нападнат и ограбен во Виница. Нападот се сличил ноќта помеѓу петокот и саботата.

Поточно во 01,00 часот по полноќ, во Виница непознат сторител физички го нападнал Д.Г.(57) од Кочани, по што истиот паднал во бессознание.

По еден час откако се освестил, нападнатиот  забележал дека му е одземена кожна јакна, 9.000 денари, клуч од патничко возило „алфа ромео“ и лични документи, со што му е причинета материјална штета од околу 38.000 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.