Кочанчанец го смачкал половиот орган со чекан, а потоа го пресекол

Шеесет и четири годишен жител на Кочани завчера итно бил транспортиран на Клиниката за урологија, објави Сител.

Поради обилното крварење веднаш бил внесен во операциона сала.  На хирургот му требале околу 3 часа за да му овозможи на кочанчанецот во иднина да може да ги извршува барем физиолошките потреби.

-Повредата беше со нагмечување и потоа отсекување на пенисот и сето тоа пропратено со масовно крварење. Операцијата се состоеше во извлекување на оној внатрешен скриен дел од пенисот и негово препокривање со кожни фрапови за да може да ги извршува основните потреби, изјави др. Огнен Ивановски, за Сител.

На клиника го донел неговиот син кој го пронашол во локви крв и без полов орган.

Отсечениот дел не го пронашол  бидејќи пациентот претходно го здробил со чекан. Станува збор за лице со психијатриска дијагноза.  Тој е втор случај од Кочани кој го исекол пенисот по 22 годишниот дечко кој во октомври го изврши истиот чин поради љубовни проблеми.

-Тоа се најчесто пациенти со психијатриска генеза. Слушаат гласови дека мора да го сторат тоа дека имаат чипови и посегнуваат на таков чин, вели Ивановски.

Кочанчанецот ќе остане на Клиника до стабилизирање на неговата состојба. И покрај тешките повреди на половите органи, уролозите успеваат да ги спасат ваквите пациенти за да можат да ги вршат основните физиолошки потреби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.