Кочанчанец повреден од непознато лице, заврши во болница

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска околу  два часот по полноќ во кочанската населба Оризари бил повреден 28-годишниот Т.Д.

Од засега непознати причини младиот кочанчанец бил прободен со остар предмет во пределот на градниот кош.

Повредениот од Медицински центар Кочани е пренесен во болницата во  Штип каде му е констатирана телесна повреда.

По преземени мерки едно лице е повикано на разговор во штипската полиција, а  по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена и пријава.