Кочанчанка со шипка си го убила сопругот

Тодор А. (62) од Кочани е убиен синоќа, а за кривичното дело осомничена е неговата сопруга.

Убиството во полиција е пријавено синоќа околу 22:30 часот, од страна на синот, кој го понашол својот татко како лежи облеан во крв во дворот на семејната куќа.

Сопругата на Тодор А., М.А. (60) е осомничена за убиството. Полицијата се сомнева дека таа со шипка му нанела удари на мажот во предолот на главата и телото.

Причина за убиството, најверојатно се брачните несогласувања меѓу сопружниците.

Полицијата ја привела М.А., а телото на починатиот е предадено на обдукција.