Кочани ќе добие систем за третман на отпадни води

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, амбасадорот на Швајцарската конфедерација, Стефано Лазарото и градоначалникот на општина Кочани, Ратко Димитровски, денеска во Скопје ќе потпишат договор за изградба на систем за собирање и третман на отпадни води во градот Кочани.

Како што соопшти Министерството, ќе биде потпишан и меморандум за разбирање помеѓу владите на Швајцарската конфедерација и Република Македонија за подготовка на Планот за управување со Струмичкиот речен слив и за изработка на подготвителна студија за регистар на подземни води во Македонија.

МИА