Крими хроника

Кочани: Сечејќи дрва со цепаница убил роднина

Кочани: Сечејќи дрва со цепаница убил роднина

Сечејќи дрва си го убил роднината. Трагедијата се случила во местото викано Долна маала, во атарот на кочанското село Јастребник, објави Канал 5.

 Во критичниот момент, според првичните информации од надлежните истражни органи од кочанската полиција и обвинителство, жител на Јастребник, чиј идентитет полицијата не го открива, сечел дрва.

При сечење, една од цепаниците од засега неутврдени причини, отскокнала и го удрила во предел на тело и глава, Симеон М. роднина на дрвосечачот.

Симеон е префрлен во кочанската Брза помош. Поради сериозноста на повредите итно е транспортиран во скопската Клиника, каде 71 годишниот старец им подлегнал на повредите. Истрагата за овој несреќен случај е во тек .