Кочани: Уништени околу 800 хектари борова шума

На околу 800 хектари под борови насади со кои се пошумени голините околу Кочани и во повисоките реони на Осоговските планини, им се заканува целосно уништување од  болеста боров четник.
Како што јавува МИА, речиси 80 проценти од стеблата се во фаза на исушување.
– Најдраматична е состојбата со боровите насади во месноста Војновица на Осоговските планини каде што е регистрирано енормно сушење на боровите стебла. Шумското стопанство „Осогово“ од Кочани заедно со локалната самоуправа на општина Кочани, презема активности за заштита на површините, изјави Орце Димитров, директор на Шумското стопанство од Кочани.
На престојната седница на Советот на општина Кочани ќе биде разгледана информацијата со боровиот четник и ќе бидат договорени мерки за итно авионско третирање за заштита на површините и сузбивање на болеста.
фото:denesen