Кочанската фабрика за преработка на отпад ќе се рестартира

Општина Зрновци и компанијата „Еко пак хит“ од Кочани постигнаа договор за рестартирање на фабриката за преработка на отпад која се наоѓа на излезот од Зрновци кон село Мородвис.

Фабриката е градена пред десетина години за потребите на трите населени места од општина Зрновци, но и покрај пробното производство од неколку месеци, истата не беше ставена во функција.

– Фабриката која ја градеше општината и ја отстапивме на компанијата „Еко пак хит“ од Кочани со која имаме одлична соработка. „Еко пак хит“ се обврза да ја стави во функција и да го преработува отпадот од населените места во општината. Со ова овој капацитет кој десетина години стои надвор од употреба конечно ќе биде рестартиран, изјави Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.

Комапнијата „Еко пак хит“ на општината и донираше четири контејнери за селекција на хартија и пластика, со што општината целосно е покриена со садови за собирање на отпадот.