Кочова: Промената на инсулинот не е штетна за децата

Докторка Мирјана Кочова од Клиниката за детски болести вели дека нема никаков проблем во менувањето на инсулинот, објави „Канал 5“.

Таа посочи дека се работи за квалитетен инсулин и нема потреба родителите да паничат дека тоа ќе им штети на децата. Докторката појасни дека и досега доколку на некое дете не му одговата типот го менувале инсулинот и тоа воопшто не е никаков проблем.  За децата под 5 годишна возраст инсулинот ќе го даваат преку пумпи.

Вкупната бројка на деца до 18 години кои примаат инсулин изнесува меѓу 350 и 500, а најчестата причина за појава на дијабет е од автоиумина природа.