Коцијанчич: Двете страни во Украина да го почитуваат Договорот од Минск

Портпаролката на високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерија Могерини, Маја Коцијанчич денеска предупреди на опасноста од ескалација на судирите во Украина и оти ЕУ во тој случај може да ги заостри санкциите кон Русија, пренесува МИА.

– Обновените интензивни борби лесно можат да доведат до создавање на нова спирала на насилство, посочи Коцијанчич.

Украинската Влада и проруските сили меѓусебно се обвинуваат за кршење на Договорот од Минск, со кој е договорено примирје и повлекување на тешкото вооружување од фронтот.

Коцијанчич апелира двете страни да го почитуваат Договорот од Минск.

– Лидерите на земјите-членки многу јасно кажаа дека доколку биде неопходно, подготвени се да преземат понатамошни чекори, истакна Коцијанчич.