Коцијанчич: Македонските политички лидери да прифатат одговорност и да излезат со предлози

EK: Договорот од Пржино се' уште клучен за македонската криза
EK: Договорот од Пржино се' уште клучен за македонската криза

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, денеска на прес-конференција во Брисел го претстави видувањето на неформалната влада на ЕУ за синоќешните неуспешни 12-часовни преговори на четворицата македонски политички лидери (Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи), кои ги олеснуваше еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, заедно со европратеникот Иво Вајгл, генералниот секретар на ЕЕАС, Ален Ле Роа и амбасадорите на ЕУ и на САД во Скопје, Аиво Орав и Џес Бејли.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, запрашана од кого е конкретно разочаран Хан што вчерашниот дијалог заврши со фијаско, со оглед на тоа што утринава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека е разочаран „од некого, гласноговорничката со одговор: – Како што знаете, комесарот Хан, вчера одржа состанок со лидерите од четирите главни политички партии од Македонија, како продолжение на дискусијата за наоѓање решение за политичката криза што се уште трае во земјата. Тоа не беше прв состанок, бидејќи на последниот состанок во Скопје голем број на заклучоци беа веќе дискутирани и договорени, но некои се уште требаше да се разговараат во текот на вчерашниот ден и како што кажавте разговорите траеја речиси 12 часа. За несреќа, тие не водеа до договор и во светло на тоа, ние ургиравме сите страни во интерес на граѓаните и земјата, да најдат одржлив политички компромис без понатамошно одложување и да истапат со конректни предлози за нејзиниот крај, врз основа на договорите што веќе се постигнати, посочи Коцијанчич.

Портпаролката на Еврокомисијата додаде дека „некои клучни елементи од договорот, вклучително и одржување на предвремени избори се договорени, но една од работите што се уште е на маса е точната организација на Владата што ќе ги подготви овие избори.
– Ако погледнете на изјавата специфично, она што е есенцијално е политичките лидери на земјата да ја прифатат одговорноста што е само на нив и да истапат со компромисен предлог што ќе овозможи земјата да се движи напред, порача Коцијанчич.
На инсистирањето, сепак, да каже на кој од лидерите, конкретно, мислел Хан при објавата на Твитер, каде тој спомена индивидуалци и дали, според соопштението на ЕК од синоќа, сега е до македонските политичари да дојдат до решение и дали е тоа повлекување на ЕУ и чекаање на иницијатива од политичарите во Скопје или може да се случи да има нова рунда тука во Брисел во некој догледен период, Коцијанчич со одговор дека очигледно има различни нивоа на одговорност, кога станува збор за лидерите што учествуваа на состанокот.
– Нема да истакнам никого со име, но ви давам генерално чувство за насока, а тоа е дека политичките лидери на земјата треба да прифатат одговорност и да истапат со конкретни предлози. Ако ја прочитавте изјавата во детали, ќе видите дека ЕК е подготвена да го олеснува овој процес, значи ние многу остануваме посветени, но на ниво на комесарот, во моментов нема состанок што е конкретно предвиден, децидна беше портпаролката на Еврокомисијата.
Како што е познато, македонскиот премиер Никола Груевски и олеснувачот од Европарламентот, Иво Вајгл, единствено јавно излегоа синоќа по состанокот и истакнаа дека лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговиот став да нема договор, е причината што пропадна вчерашниот обид за ставање крај на политичката криза во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.