Македонија

Коцијанчич: Се што беше договорено во Скопје да се имплементира со добра волја

Коцијанчич: Се што беше договорено во Скопје да се имплементира со добра волја
Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска во изјава за МИА уште еднаш порача дека очекувањата на Европската комисија се дека се што е вчера договорено во Скопје меѓу Хан и македонските политички лидери, дека треба да се имплементира во добра волја.
Како што јавува МИА, на прашањето за реченицата „транзициски период“ пред предвремените избори во април 2016 година, што стои во договорениот документ и дали истиот значи и некаков вид на преодна или транзициска Влада, таа негираше и кажа дека „не би го нарекла транзициски период, туку дека тоа повеќе е состојба во која претстојат предизвици, потенцирајќи ја независноста на судството и владеењето на правото, како главни предизвици.
– Комесарот Хан, вчера во Скопје ја продолжи дисукисијата со политичките лидери за наоѓање решение за сегашната криза во земјата. Разговорите беа градење на дискусијата што веќе се одржа пред неколку недели во Европскиот парламент во Стразбур, заедно со тројцата европратеници. Во разговорите, сите страни потврдија и се обврзаа дека го ставаат интересот на граѓаните и на сите заедници во земјата на прво место и тие, исто така, потврдија посветеност на евроатлантскиот процес на земјата, на демократските принципи, засилувањето на меѓуетничките односи и на добрососедските односи – потенцира портпаролката на Хан за МИА.
Според Коцијанчич, разговорите што се одржаа вчера во Македонија биле конструктивни и се посветило внимание на бројни прашања со цел земјата да се соочи со сите предизивици.
– Во овој поглед, бројни прашања и бројни мерки беа разговарани и договорени, а бројни прашања се уште треба да бидат допрени во деновите што доаѓаат. Во овој однос, комесарот побара разговорите да продолжат набрзо и на овие прашања треба да продолжи работата. Она што е најважно е, исто така, дека сите работи што досега се договорени и што ќе бидат договорени, да бидат имплементирани и, пред се, да бидат имплементирани во добра волја, порача гласноговрничката на Еврокомисијата.
Според Маја Коцијанчич, ова го потенцирал комесарот Хан во Скопје, по завршувањето на вчерашните разговори е дека е многу е важно за сегашната криза во Македонија ” да биде искористена на позитивен начин и на начин за земјата да се модернизира и да го искористи ова како можност да се придвижи напред во иднината на патот што е поставен ” .
За тоа што конретно е договорено во Скопје, портпаролката на комесарот Хан укажа на предвремените избори
– Една од работите што комесарот ги кажа е дека она што е договорено е дека ќе има предвремени избори до крајот на април, следната година и исто кажа дека за бројни прашања треба допрва да се разговара и очекуваме дека ова ќе се случи во следните денови, најверојатно идната недела во Брисел. Тој, исто така, говореше за прашањата за кои ЕК е подготвена да и помогне на земјата да се придвижи напред, кога станува збор за предизвиците кои посебно тој ги спомена како прашањето за независност на судството и тоа што треба да се направи во овој контекст, вели Коцијанчич.
На конкретното прашање што значи реченицата транзициски период до следните избори” и дали тоа значи и формирање на техничка или преодна Влада, на што опозициската СДСМ инсистира и вели дека било нотирано како усмен предлог, портпаролката на неформалната Влада на Европската унија ќе рече :
– Не би го нарекла транзициски период, туку повеќе е состојба во која претстојат предизвици. Многу предизвикувачка ситуација е кога станува збор за состојба каде сите се согласивме дека сегашната криза треба да се реши и сите напори од наша страна одат во овој правец. Кога станува збор за специфичното прашање за независност на судството други бројни прашања што земјата треба да ги реши понатаму во процесот што е покриено со поглавјата 23 и 24, а во однос на владеењето на правото и друго, тоа треба веќе да почне да се решава како дел од процесот, децидна е Коцијанчич.
           
На крајот, портпаролката на Еврокомисијата, истакна за тоа што е договорено во Македонија е користена методолигија што треба да помогне за Македонија да го искористи моментумот на овие напори за да најде решение на кризата и да се придвижи напред.
– Тоа е она што комесарот, исто така, го подразбира кога кажа дека ова треба да биде можност за земјата да се модернизира и да се придвижи напред, заклучува Коцијанчич.
Изјавата на портпаролката на ЕК кореспондира во целост со синоќешното соопштение на официјален Брисел за договорот за решавање на политичката ситуација во Македонија. Притоа, како и во соопштението на ЕК и во изјавата на портпаролката на еврокомесарот за преговори за проширување, никаде не се споменува формирање на преодна или транзициска влада до предвремените избори во април 2016 година.
Она што е сигурно е дека договорот од Скопје, идната среда (10 јуни) треба да биде потврден од страна на премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на уште една средба со еврокомесарот Јоханес Хан во Брисел.