Македонија

Коцијанчич: Договорот од 2-ри јуни нуди основа, партиите да најдат компромис

Коцијанчич: Договорот од 2-ри јуни нуди основа, партиите да најдат компромис

Прашана за реакција по прес – конференцијата на Зоран Заев во која тој најави дека преговорите се неуспешни, Европската комисија преку својата портпаролка, Маја Коцијанчич за „Мета“ изјави:

“Нашиот став е прилично јасен: итно ги повикуваме партиите да пронајдат компромис во интерес на земјата и на граѓаните. Договорот од 2-ри јуни ја нуди потребната основа, а останува уште едно крупно прашање да се договори. Нема време за губење“, рече Коцијанчич.