Коцијанчич: Конструктивна соработка од партиите, а не да се напаѓа Хан

EK: Договорот од Пржино се' уште клучен за македонската криза
EK: Договорот од Пржино се' уште клучен за македонската криза

Во Европската комисија (ЕК) велат дека се шокирани од односот на некои претставници и симпатизери на опозицијата кон еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан. Навредите и заканите кон Хан, па дури и подготовка на протести при неговото следно доаѓање, што е поддржано на социјалните мрежи на интернет, непријатно го изненадува официјален Брисел, заклучно и иницијативата ЕК да испрати друг олеснувач во преговорите на местото на еврокомесарот за преговори за проширување.

Портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчич, во изјава за МИА побара во име на Европската комисија, политичките партии во Македонија да се однесуваат конструктивно и да обезбедат веродостојни и демократски предвремени парламентарни избори што според договорот од Пржино се закажани за 24-ти април.

Европската комисија повика повеќе пати дека е од најголема важност на партиите да го спроведат политичкиот договор што тие го постигнаа заедно минатиот јуни и јули. Конструктивна соработка меѓу сите страни е од суштинско значење за да се осигураат веродостојни и демократски избори. Комесарот Хан очекува, во интерес на државата и на народот, сите партии да работат на постигнување на оваа цел, порача портпаролката Коцијанчич.

Хан во средината на февруари во Македонија

Според планот на еврокомесарот Хан, тој во средината на следниот месец треба да пристигне повторно во Македонија, со цел да увиди до каде е процесот на подготовка на предвремените парламентарни избори чие одржување и тој го поддржа да се случи на 24-ти април. Притоа, можно е тој да се сретне само со претставници на Државната изборна комисија (ДИК), на ОБСЕ/ОДИХР и други страни инволвирани во пдоготовка и организирање на изборите, но не и со претставници на политичките партии во земјата.

Хан во средината на февруари во Македонија
Хан во средината на февруари во Македонија

Во Европската комисија (ЕК) велат дека се шокирани од односот на некои претставници и симпатизери на опозицијата кон еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, јавува дописникот на МИА од Брисел. Навредите и заканите кон Хан, па дури и подготовка на протести при неговото следно доаѓање, што е поддржано на социјалните мрежи на интернет, непријатно го изненадува официјален Брисел, заклучно и иницијативата ЕК да испрати друг олеснувач во преговорите на местото на еврокомесарот за преговори за проширување.