понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 46

Коцијанчич го брани предлогот на Ванхауте за медиумите

Европската комисија (EK) очигледно стои зад предлогот на посредникот на Европската унија во разговорите за носење на нов медиумски закон во Македонија, Питер Ванхауте, со кој според дел од новинарските здруженија во земјата и партијата ВМРО-ДПМНЕ, се нудат решенија какви што нема во ниту една европска држава, пишува МИА.

Maja-Kocijančič2

Последни вести

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич, на прашањето за ставот на официјален Брисел за предлогот на Ванхуте, што е спротивен на ЕУ-законите, но и неговиот став дека „Македонија таков не заслужува оти Македонците немаат европски менталитет”, даде одговор со кој се стави во одбрана на олеснувачот на Унијата во Република Македонија.

Ние работиме со политичките лидери за да се унапреди имплементацијата на план за кој тие самите се согласија и го усвоија и веруваме дека импементацијата е апсолутно круцијална и затоа ангажиравме бројни алатки за поддршка на оваа имплементација. Работата се одвива, времето е тесно и многу јасно и работата на ова треба да продолжи. Истото важи и за реформските приоритети, што се апсолутно потребни за да се оди наред за бенефит на земјата. А, за тоа што го велите, нема да шпекулирам за детали од работата што се одвива, но, се разбира, ние се грижиме за работа која ја правиме како ЕУ, со целосно почитување на правилата и стандардите, гласи ставот на гласноговоничката на неформалната влада на ЕУ.

Најчитани вести