Македонија

Коцијанчич: Пропаѓањето на договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата

Коцијанчич: Пропаѓањето на договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата
ЕК: Нема услови за кредибилни избори на 5 јуни

Жалиме што лидерскaта средба планирана за утре во Виена нема да се одржи, изјави за МИА Маја Коцијанчич портпаролка на еврокомесрот за прширување.

–  Ние постојано повторуваме дека пропаѓањето на договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата. Длабоко жалиме за какви било ретроградни чекори во Скопје што ќе ја одведат земјата подалеку од нејзините аспирации за пристапување во Европската унија, вели во изјавата Коцијанчич.

Таа нагласува дека Европската комисија останува на располагање да им помогне на партиите сега и во иднина, но додава дека одговорноста за обезбедување на демократскиот процес и постигнување напредок на евроатлантскиот пат останува на самите политички партии, а во интерес на граѓаните на нивната земја.

– Тие мора да испорачаат резултати, вели Коцијанчич и најави дека за кусо време ќе следи изјава со повеќе детали за ставот на ЕК во однос на  откажувањето на лидерската средба.

Претходно, портпарол на Европската комисија во Виена изјави дека лидерската средба е откажана, бидејќи не биле исполнети условите за нејзино одржување.