среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 28

Ременски кочи проекти за децата со пречки во развојот

Станува збор за проект наменет за деца со церебрална парализа, деца кои имаат пречки во телесниот развој или комбинирани пречки (со примарен телесен инвалидитет), на возраст од 6 до 26 години кои се корисници на посебен додаток.

remenski

Поврзани вести

„Денешен„ објави дека родители на деца со пречки во развојот, реагираат дека  се стопира уште еден проект на Минситерството за труд и социјална политика од страна на техничката министерска Фросина Ременски.

Овојпат под удар на деструктивното работење на Ременски се најдоа корисниците на проектот „Бесплатна рехабилитација и рекреација на деца со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци од 6 до 26 години и возрасни лица со телесен инвалидитет” проект кој повеќе од три месеци е стопиран и не се реализира а кој започна да се реализира во 2014 година и до сега со него биле опфатени 285 деца со пречки во развој и 285 родители односно 570 корисници, пишува порталот.

Конкретно овој проект е наменет за деца со церебрална парализа, деца кои имаат пречки во телесниот развој или комбинирани пречки (со примарен телесен инвалидитет), на возраст од 6 до 26 години кои се корисници на посебен додаток. За овие лица беше обезбедено користење на бесплатна рехабилитација и рекреација во јавната установа за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица во период од 5 дена со обезбеден бесплатен превоз, храна и едукативни содржини.

-Според нашите информации од вработени во специјалниот завод Бања Бањско,  со стапувањето на Ременски на функцијата за овој  проект нема никаква иницијатива од Министерството за труд и социјална политика односно истиот е стопиран од декември 2015 и  лицата кои треба да заминат на бесплатна рехабилитација и рекреација се оневозможени и чекаат на милоста на техничката министерка, објави „Денешен“.

На Ременски најдобро и одат кадровите разрешувања, именувања и преместувања. Во тој дел за неа не постојат никакви пречки. Но кога е во прашање туркањето и продолжувањето на проектите виновник секогаш лоцира во други, заклучува порталот.

Најчитани вести