Кочо Анѓушев, потпретседателот на влада, тежи вртоглави 28 милиони евра

Богатството на Кочо Анѓушев тежи околу 28 милиони евра. Вицепремиерот за економски прашања, денеска јавно го обелодени својот анкетен лист, објавуват ТВ „24Вести“.

Семејството  Анѓушеви поседуваат станови во Скопје и Белград и куќа на Халкидики во Грција  која има  вредност од 250.000 евра.

Од недвижниот имот во Скопје, поседуваат една куќа и пет станови во центарот на Скопје.

На име на Анѓушев  се две луксузни  возила – марка „масерати“ и „порше“ во вкупна вредност од 120.000 евра.

Во негова сопственост се уметнички слики и скулптури, дваесет на број во вредност од 105.000 евра, четири рачни часовници од брендовите „ролекс“, „омега“ и „картие“, златен накит и моторен чамец.

Со ваков анкетен лист Анѓушев одлучи да се откаже од државната месечна плата од  81.000 денари. Најави дека  ќе ги донира во добротворни цели.